Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, еден ден откако му беше одредена мерка притвор за подметнување пожар во кој изгоре влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тој вчера попладне го напушти притворското одделение во битолскиот затвор и беше спроведен во неговиот дом, каде што ќе го издржува куќниот притвор.
Судскиот совет на Основниот суд во Битола ја преиначи мерката со која му одреди осум дена притвор на Ламбе.
Алабаковски е обвинет за предизвикување општа опасност, откако во саботата го потпали влезот на клубот „Иван Михајлов” во Битола. Откако беше упасен, тој го призна делото, па му беше одредена мерка притвор од осум дена.
Завчера во Битола се одржаа протести на кои се бараше ослободување на пејачот.