Лани над 32.300 семејства живееле од социјална помош

Според податоците на Државниот завод за статистика, изминатата, 2020 година, во земјава се регистрирани над 65.000 корисници на социјална помош.

Од нив, малолетни се 16.262 лица, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита е 49.263 лица.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имале услугите на социјална работа кои изнесуваа 52.3 проценти, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имале услугите за социјална заштита кои изнесувале 87.4 проценти.

Во 2020 година, 32.345 носители на домаќинства (број на домаќинства) биле корисници на социјална парична помош.

Претходна вестВакцините доаѓаат: Ако постојано повторуваме, дали навистина ќе дојдат?
Следна вестСтопанска комора до Владата: Како ќе спроведете недела-неработен ден во градежништво, млечна индустрија, обложувалници?