Лажна пријава за поставена бомба во зградата на НБРМ во Скопје

Денеска можеа да се видат бројни полициски возила и специјални екипи околу Народната банка во центарот на Скопје. Имало дојава за поставена бомба која по проверките на екипите за антитероризам се испоставила како лажна.

МВР ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРМ во Скопје. Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, соопштија од полицијата.

– Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, стои во соопштението на МВР.

Претходна вестРепрезентативец на Летонија го засили Тиквеш
Следна вестСе слави Стара нова година, Обрезание на Господ Исус Христос и свети Василиј Велики