Левица: Антидржавниот договор на Георгиевски за ОКТА ја чини Македонија 25,6 милиони евра

Корумпираните партии на елитите, СДС и ДПМНЕ, 30 години ја девастираат македонската економија преку распродавање на народниот имот и енергетски капацитети на странски интереси. Вака од политичката партија Левица ја коментираат одлуката на Меѓународниот арбитражен суд, Македонија да исплати оштета од 25.6 милиони долари на ОКТА.

– Штетниот договор за продажба на ОКТА на грчката државна компанија Хеленик Петролеум ѝ има дадено на Грција монопол во нафтетната индустрија на Македонија, а повеќе од две децении ги чини македонските граѓани огромна сума на пари.

Како последица на договорот, Република Македонија во 2009 година на грчката компанија мораше да ѝ исплати штета во износ од 40 милиони долари, а вчера Владата призна дека меѓународен арбитражен суд ја задолжил Македонија да исплати уште 25.6 милиони долари!

Овој антидржавен договор е склучен од страна на поранешниот премиер од редовите на ДПМНЕ, и сегашен коалиционен партнер на СДС и слуга на национал-шовинистичките претензии на Бугарија, Љубчо Георгиевски.

При обид за претставување на овој огромен пораз како победа, Владата се пофали дека со нејзиниот скапо платен адвокатски тим успеала да го преполови бараниот износ, но беше веднаш демантирана од страна на Грчките медиуми, кои објавија дека арбитражниот суд прифатил дури 80% од бараните 32 милиони од Хеленик Петролеум, односно 25.6 милиони долари. Заедно со трошоците за скапите француски адвокати на Владата, штетата по државниот буџет ќе достигне и до околу 30 милиони долари, велат од Левица.

Од Левица велат дека тие ќе се залагаат за враќање на криминално одземеното на граѓаните!

Претходна вестДобро е, засадени се 40.000 садници, ќе има ли уште?
Следна вестЕвролигата подготвува промени, 24 екипи во две конференции