Левица: Млекопроизводителите оставени без субвенции од Николовски

Млечната криза, која се рефлектира со екстремно високи цени на млекото и млечните производи во малопродажба, но и со нивен недостаток на рафтовите, е директна одговорност на пробугарската влада на СДС – ДУИ и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, обвини денеска Левица.

Ова опозициска партија наведува дека министерот Љупчо Николовски уште во јуни изјави дека со ребалансот на буџетот ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции, за да млекарите навреме си обезбедат сточна храна.

-Субвенциите до денес се уште не се исплатени. Две години фармерите преживуваат без субвенции, со зголемени инпути на производството, додека млекарниците им го откупуваат по нерентабилна цена од 23 денари за литро свежо млеко, потенцира оваа партија.

Левица дава целосна поддршка на фармерите во нивните барања, и посочува дека единствен виновник за намалувањето на сточниот фонд во државата и кризата со млеко е владата на СДС – ДУИ.

-Тие наместо да се занимаваат со решавање на проблеми кои ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните, одбраа да слугуваат на странските интереси и да ги спроведуваат нивните агенди, се нагласува во соопштението.

Претходна вестЖичарницата на Водно утре нема да работи
Следна вестПродолжување на зимскиот распуст или онлајн наставата засега не се опции за Владата