„Левица“ му покажа фотки на аеродромскиот градоначалник Муцунски

Од политичката партија Левица на Фејсбук објавија фотографии од подрачјето на  општината Аеродром. Овие фотографии според нив се доказ за неработењето на градоначалникот Тимчо Муцунски.

– Бидејки сме прогласени како лажна партија од страна градоначалникот на општина Аеродром, во следниве денови ќе ви го покажеме вистинското работење на манипулаторот Тимчо Муцунски.

На нашиот “татко на општината” не му е дојдено до подобрување на квалитетот на живот на жителите од општина Аеродром, туку терање на неговата ПИАР политика и прекривање на вистинските проблеми со кои се среќаваат секојдневно нашите сожители, се вели во објавата на Фејсбук страницата од оваа партија.

Од Левица најавуваат дека и следните денови ќе објавуваат вакви фотографии, инаку денес тие објавија 19 фотки на кои се гледа нерасчистен смет по улиците на општината.

Претходна вестСанта мраз со големина на Лондон се отцепи од Антарктикот
Следна вестМаричиќ: Прашање за милион долари е дали ќе успееме да обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени