Маричиќ: Прашање за милион долари е дали ќе успееме да обезбедиме двотретинско мнозинство за уставните измени

По големата увереност на власта дека уставните измени сигурно ќе се случат, сега доаѓа време на нивни најави за дијалози, објаснувања… Денеска неизвесност околу тоа дали владечкото мнозинство ќе обезбеди двотретинско мнозинство до јуни истакна и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Мариќиќ,

-Прашање од милион долари е тоа. Можам да кажам дека ние ќе се потрудиме и ќе направиме се оваа година, до крајот на скринингот, да ја завршиме обврската од Преговарачката рамка со двотретинско мнозинство да го смениме Уставот и да внесеме неколку заедници во него, истакна вицепремиерот.

Тој објасни дека Владата вчера на седница разговарала за уставните измени и оти за две до три недели би се формулирале уставните амандмани. Сепак како ќе тече обезбедување на собраниско мнозинството до јуни останува неизвесно.

Инаку, анкетите покажуваат дека голем дел од граѓаните на Македонија се против вака осмислените уставни измени.

Претходна вест„Левица“ му покажа фотки на аеродромскиот градоначалник Муцунски
Следна вестЗнаев дека немам ништо со кокаин и криминал, актерката Стојановска доби слобода и од Апелација