Левица го има завршниот митинг на партијата во Градски парк во Скопје. Пред неговото одржување лидерот на партијата, Димитар Апасиев, истакна дека очекува Левица во идниот парламент да има 8 до 12 пратеници.
Тоа, како што нагласи, ќе даде можност за фајтерска битка за македонските државни и национални интереси во парламентот.
-Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори, подвлече Апасиев.
На митингот се очекува да се презентираат и делови од програмата на патријата – која настапува под мотото: Неподмитливите во Собранието.
-Потребна е брза и одлучна политичка акција за конечен пад на овој корумпиран хибриден режим…
-Секој сериозен и прогресивен човек има граѓанска должност да придонесе во борбата за слобода од мафијата, внатрешните квислинзи, домашниот окупатор…
-На овие избори бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии…, се само дел од наведените првични зборови во обемната изборна програма на „Левица“.