Левица: На реката Пчиња со експлоатација на песок се случува катастрофа

Жителите на селата долж текот на реката Пчиња цела деценија се соочуваат со еколошка катастрофа. Како и на повеќето реки низ Република Македонија, така и овде бизнис интересите задираат во квалитетот на животот на жителите и условите кои го одредуваат, соопштија од Левица.

-Речните корита во минатото, пред да почне расчеречувањето кое го предводат СДСМ-ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, им служеле на селаните кои живееле околу нив. Поради негувањето на односот помеѓу човекот и природата, изобилното плодно земјиште било организирано во задруги и им користело како на жителите така и на државата. Сега, кога богатењето на поединци е далеку поважно од добробитта на луѓето и зачувувањето на државните ресурси, правилата на игра се различни.Партиите на милионерите кои владеат изминатите децении, го впрегнаа државниот апарат директно на штета на чесниот народ. Така, коритата на реките на чии пространства се наоѓаат селата, нивите и пасиштата кои се во сопственост на АД Водостопанство, свирепо и систематски се уништуваат, наведуваат од оваа опозициска партија.

Левица укажува дека и во случај на селата Горно, Средно и Долно Коњари, под превезот на уредување на речните корита се врши предаторска експлоатација на песок која ја уништува плодната почва и ги контаминира подземните води кои селаните ги користат за пиење“ додаваат од партијата.

На средба со селаните од овие села разговараа пратеникот Борислав Крмов, членот на Президиумот Реџеп Исмаил и портпаролот Амар Мециновиќ, на кои им беа посочени сите препреки со кои се имаат соочено во нивната борба. За сите повеќегодишни притисоци кои кулминираат со минатогодишниот протест и блокирањето на патиштата околу селата.

-Просторот помеѓу селата е потполно уништен а самото корито е поместено од прекумерното ископување. Живиот свет во реката е речиси пред исчезнување. Левица е секогаш на страната на селаните, работниците и обесправените, и во отсуство на слух од централната власт, како и од градоначалниците на општините во ова подрачје, се залагаме за крајно решение, реставрација и одговорност за стореното, велат од Левица.

Претходна вестЗагрижувачко: Македонија ќе е полна со трње, а увезува кромид и лук
Следна вестМилевски: Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од било кој друг