Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор на споменикот во Слупчане

Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура, против Општина Липково, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот споменик во с. Слупчане, поднесе партијата Левица.

-Сметаме дека подигнатиот меморијален споменик, во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности, не ги исполнува клучните формално-правни и материјално-правни претпоставки кои, мора да бидат исполнети за еден споменик да се смета за меморијален и истиот како таков да може да биде подигнат.

Согласно добиените информации, сметаме дека, комплетната постапка околу подигањето на предметниот контроверзен споменик во с. Слупчане е незаконска, се наведува во иницијатива.

Како аргумент за ова се наведува дека постапката не содржи иницијатива од овластен предлагач, дека Собранието на РМ не донело програма за таа намена, не е донесена собраниска одлука во таа насока и дека Собранието на РМ, нема именувано Одбор кој подоцна треба да го спороведе конкурсот за изработка на идеен проект за подигање на меморијален споменик.Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален споменик треба да се од исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на државата.

-Спорниот споменик се однесува на одбележување на личности кои се со Закон за амнестија (2002 година) амнестирани криминалци и терористи. Поради тоа бараме, министерството да ги преземе сите законски дејствија и по утврдената фактичка состојба, да донесе соодветни управни акти со што би санкционирали и спречиле понатамошни непочитувања и постапувања спротивни на Законот за меморијални споменици и спомен обележја, потенцираат од Левица.

Претходна вестМитрополит Тимотеј: Не ни оди во прилог да бидеме непризнаени од Руската православна црква
Следна вестСкопјанец загина во сообраќајка во Капиштец