Скопјанец загина во сообраќајка во Капиштец

Ударот со мотор во ограда бил фатален за скопјанец кој загинал во сообраќајна несреќа во скопската населба Капиштец.

Според информациите, дваесет и осумгодишен скопјанец Љ.А. синоќа почина откако со мотор удрил во ограда на ул.„Елисие Поповски – Марко“. Во несреќата тешко е повредена и сопатничката Г.С. (27) од Скопје.

-По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

Претходна вестЛевица поднесе иницијатива за инспекциски надзор на споменикот во Слупчане
Следна вестСе најде решението за барањата на синдикатот на Управата за матични книги