Левица: Резолуцијата против фашизмот една година заглавена во фиоката на Џафери, согласно Софиската платформа

Пред една година пратениците на Левица во Собранието поднесоа „предлог-резолуција против рехабилитација и глорификација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици“, и истата, спротивно на Деловникот, а согласно Софиската платформа, спикерот Џафери ја држи во фиока, велат од оваа партија

– Во резолуцијата се предвидуваат мерки и постапки кои е потребно Владата итно да ги преземе, со цел да го превенира и спречи историскиот ревизионизам, глорифицирањето на неофашистичките идеи и личности, како и промовирањето на мегаломанските великодржавни идеи, кои во последно време се сѐ поактуелни и присутни во јавноста на разни јавни настани, собири, свечености и прослави.

Игнорантското однесување кон резолуцијата од страна на СДС и ДУИ е показател на нивните тенденција да ја релативизираат жртвата на партизаните дадена во НОБ, важноста на победата над фашизмот, како и отворена намера за прифаќање на ревизионистичките наметнувања, кои во рамки на Софиската платформа, се диригираат од бугарска страна, истакнуваат од партијата Левица.

Претходна вестЊујоршката порота го прогласи Трамп за виновен за сексуален напад врз новинарка
Следна вестНож и електрошок најдени кај ученици во Скопје