Њујоршката порота го прогласи Трамп за виновен за сексуален напад врз новинарка

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп сексуално ја нападнал новинарката и пистателка, Џин Керол во соблекувалната на луксузна стоковна куќа во пролетта 1996 година, утврди поротата на Федералниот суд во Њујорк, САД.

Федералниот суд во Менхетен го прогласи Трамп за одговорен и за клевета во граѓанска тужба поднесена од Керол. Трамп треба да и плати отштета од речиси три милиони долари бидејќи Керол ја докажа нејзината тужба за клевета.

Исто така, утврдено е дека поранешниот американски претседател треба да и плати околу два милиони долари отштета за нејзината граѓанска тужба, со што вкупниот износ на отштета би се искачил на пет милиони долари.

Керол го тужеше Трамп минатата година. Таа тврди дека Трамп ја турнал „на ѕид“ во соблекувалната, насилно и ја соблекол облеката и ја нападнал, пред таа да побегне на Петтата авенија и да повика пријателка.

Поранешниот американски претседател негираше дека ја познава Керол и повторно повтори дека обвинувањата не се веродостојни, тврдејќи дека новинарката „воопшто не е негов тип“.

Во објавата на својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп ја нарече пресудата срамна и додаде дека таа е „продолжение на најголемиот лов на вештерки на сите времиња“.

Трамп се соочува со неколку кривични истраги кои произлегуваат од неговите напори да ја поништи неговата загуба на реизборот за претседател во 2020 година, како и за неговото задржување на доверливи документи во неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Претходна вестДенот кога првиот Македонец се искачи на Монт Еверест, планината се уште не го дава телото на Димитар Илиевски – Мурато
Следна вестЛевица: Резолуцијата против фашизмот една година заглавена во фиоката на Џафери, согласно Софиската платформа