Левица: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ ја задолжуваат државата со огромни кредити

Според политичката партија Левица, централната власт предводена од СДСМ и локалната предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано се задолжуваат. Тие како што велат од Левица за да ги задоволат своите партиски структури работат на финансиска штета на државата и граѓаните.

– Откако СДСМ е на кормилото на Репбулика Македонија, од 2017 година јавниот долг е пораснат за 2.85 милијарди евра. Расчеречувањето и парализирањето на економијата се случува наменски, преку задолжувања и корупција на сите нивоа на власт. Минатогодишната победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори не доведе во ситуација каде на централно и локално ниво кохабитираат двете најголеми партии, истовремено работејќи на финансиска штета на државата, хранејќи ги сопствените структури. Општина Аеродром на чело со ДПМНЕ важи за една од најголемите и најбогатите општини во нашата држава, која за прв пат во својата историја се задолжува со 5.4 милиони евра во период кога каматните стапки се зголемени а народот гладува! Задолжувања на градоначалниците на ДПМНЕ има и во Гевгелија со 850 000 евра, додека во Штип има два обиди за задолжување од 4 милиони евра, и во Кочани за пола милион евра.

Двете најголеми политички партии кои заедно со ДУИ во ротација се дел од постојаната власт во изминатите децении, безидејно и безизлезно се задолжуваат со огромни кредити кои ќе требаат идните генерации да ги отплатат, со што народот станува заложник на странските финансиски центри кои ќе го диктираат начинот на исплата и поради што ќе се наметнуваат мерки на штедење, се вели во партиското соопштение на Левица.

Претходна вестПланско исклучување или дефект во Блок 1 на РЕК Битола?
Следна вестГрадоначалникот на Гази Баба Стефковски секој вторник два часа ќе комуницира со граѓаните