Левица: СДСМ ја враќа праксата на законско корумпирање на медиумите

Авторитарниот режим на СДСМ ги продолжува сите негативни политики на режимот кој им претходи, за конечно да го задушат јавниот простор и слободната мисла, предупреди денеска партијата Левица.

Ова опозициска партија наведува дека по пауза од четири години, праксата законски да се корумпираат медиуми која ја усоврши претходната власт на ДПМНЕ со Никола Груевски, сега повторно ја враќа назад СДСМ.

-Пратениците од владејачкото мнозинство, по скратена постапка, предложија измени на Законот на медиуми со која се брише Членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што се враќа праксата медиумите легитимно да се хранат со пари од владини кампањи. Според овие измени, најголем дел од парите ќе ги добијат националните телевизии, вкупно 2,8 милиони евра, додека многу помал дел ќе добијат регионалните медиуми, се наведува во соопштението.

Левица укажува дека на овој начин на владино рекламирање во медиумите беше критикувано, и се споменуваше во извештаите на Европската комисија и на други релевантни меѓународни институции како форма на притисок и контрола врз медиумите во Македонија.

-Новинарските здруженија, ЗНМ, ССНМ и МИМ неколку пати јавно се изјаснија против ваквиот начин на финансирање на приватните медиуми кој беше пракса до 2018 година, додаваат од Левица.

Претходна вестДелови од Центар и Бутел утре без струја
Следна вестМаричиќ знае и кога во Македонија ќе имаме европски животен стандард