Маричиќ знае и кога во Македонија ќе имаме европски животен стандард

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не може нешто да каже, а да не ја спомне 2030-та година. Цело време вергла дека таа година Македонија ќе стане членка на ЕУ. Денеска пак, истата година ја наведе како термин до кој македонските граѓани треба да го имаат европскиот стандард. 

Зборувајќи на денешната дебата „Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазар“, кој е вториот од серијата настани посветени на годинашниот Извештај на ЕК за напредокот на нашата земја, Маричиќ рече дека целта е јасна.

-Знаеме дека обврската што ја преземаме е тешка, но знаеме и која ни е целта – развој, просперитет, европска економија, европски пазари и европски животен стандард за граѓаните до крајот на 2030 година, амбициозна, но достижна цел која само бара посветеност и ангажман на сите општествени чинители. Тоа не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство, туку е и наша должност и обврска кон граѓаните, потенцира Маричиќ.

Претходно, тој укажуваше неколку пати и кога ќе влеземе во ЕУ.

-Сите засегнати страни ќе ја исполниме заложбата да бидеме подготвени за полноправно членство во Унијата до 2030 година. Тоа е добро поставен датум и треба да биде мотив кој ќе не води низ процесот и во зададениот рок успешно да го завршиме процесот на преговори, изјави неодамна вицепремиерот.

По укажаната цел кога сите ќе имаме во Македонија и европски стандард, едноставно, на јавноста не и преостанува ништо друго освен да увиди дека Маричиќ е министер кој планира, ветува – не се шегува кога работи.

Претходна вест Левица: СДСМ ја враќа праксата на законско корумпирање на медиумите
Следна вестУбаво, необично: „Џабе живиш у Скопје” – нова книга од Зоран Спасов Ѕоф