Локализиран пожарот кај Љубин

Локализиран е пожарот кај селото Љубин, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Со прецизно дејство на трите авиони „ер трактори“ на ДЗС, како и едниот хеликоптер на МВР, пожарот е локализиран. Екипа скопски пожарникари вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот, појасни Ангелов.

Претходно, од ЦУК информираа дека избувнал пожар кај селото Љубин и навлегол во боровата шума.

Претходна вестВардар не ја искористи предноста против Силекс, Шкендија ја продолжи победничката серија
Следна вестПретпладневното сонце ќе го заменат попладневниот пороен дожд и грмежи