Претпладневното сонце ќе го заменат попладневниот пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=7.

Утринската температура изнесуваше од 15 до 22 степена, а дневната ќе достигне 38 степени.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата изутрина изнесуваше 20 степени, а преку ден ќе стаса до 37 степени.

Претходна вестЛокализиран пожарот кај Љубин
Следна вестРуската Управа за цивилно воздухопловство потврди: Евгениј Пригожин е мртов