Потребно е посериозно придржување кон мерките за заштита од вирусот во Чаир. Поради тоа, претставници на МВР, вчера присуствувале на седница на локалниот Совет на Општина Чаир, а се разговарало на тема „Потреба за почитување на мерките на Министерство за здравство и Комисијата за заразни болести“, со цел подигање на свеста на граѓаните.
Од МВР информираат дека на седницата биле донесени повеќе заклучоци, меѓу кои и зајакнување на соработката на Општина Чаир со Кризниот штаб и полициските органи.
Членовите на локалниот Совет за превенција во Општина Чаир побарале од МВР преземање засилени превентивни мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата што не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.
Според статистиката на Министерството за здравство, бројот на заболени во Чаир се зголемил за 40 лица за два дена.
Врз основа на тековните податоци дистрибуцијата на позитивни на Ковид-19 според општини во Скопје е следна за првите 5 најзагрозени општини:
Чаир – 192, Бутел – 68, Центар – 66, Гази Баба – 63, Аеродром – 61.