Кога ДПМНЕ беше власт „Заробена држава“ ни беше името во Извештај на Европската комисија а последниот Извштај негативните оценки во добар дел се донесуваат на нив како кочничари на реформите, рече денеска заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика“ во Струмица.
Уставните измени, се важен предуслов на нашиот европски пат а ДПМНЕ ги кочат, со лажен патриотизам ја кочат државата за повторно да ја заробат, додаде таа.
-Како што лажеа, па се свестија дека лажат дека ќе го укинат Преспанскиот договор ако пак ја дофателе власта. Ама нема да ја дофатат зашто во нивни раце зборот власт има друго значење, потенцираше Лукаревска.
Зборувајќи за наводите на Европската комисија во Извештајот Лукаревска рече дека е искрен и правичен, дека на нотираните слабости мора да се работи, реформите да продолжат.
-Знаеме кои домашни работи треба да ги завршиме, како што знаеме и дека како ќе напредуваме кон ЕУ, така извештаите ќе бидат поискрени. Ние сме во скрининг-процесот и низ преговарачкиот процес , низ поглавјата, секако дека реформите ќе мора да бидат спроведени и да се постигнат европските стандарди. Затоа е битно членството во ЕУ, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Резултати што прават разлика, денеска во Струмица.