Пораз на Вардар од Воска, Брера конечно победи и тоа против шампионот

Фудбалерите на Вардар остнаа на последното место на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен загубија од Воска спорт (1:2). За разлика од Вардар, АП Брера Струмица против актуелниот шампион Струга ТЛ ја прекина серијата од девет натпревари без победа. Победи и тоа минимални, поладнево забележаа Гостивар и Шкендија.

АП Брера славеше над Струга ТЛ со 2:1 со пто стави крај на серијата лоши резултати. Струмичани прашањето околу победникот го решија во првото полувреме кога ги постигнаа двата гола, стрелци беа Рибаудо и Јанкулов. Струга одигра многу поодбро во вториот дел, но тоа не беше довлно шампионот да го избегне поразот. Единствено што направија Стружани е што го постигнаа почесниот гол преку Незири.

Вардар не успеа да го добие дербито на екипите кои се во долниот дел на табелата. Воска спорт победи во Маџари со 1:2 и сега има пет бода повеќе од Вардар.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари гостите рано дојдоа до предност од 0-1 со голот на Јашаровски уште во 4. минута од натпреварот. Но, „вардарци“ брзо израмнија преку Папули во 14. минута. Конечниот резултат, со својот втор гол го постави Јашаровски во 75.минута.

Гостивар, против Брегалница освои важни три бода. Победата од 1:0 на Госривар му ја донесе Атиемвен, кој во 13.минута испрати вистинска бомба од 25 метри.

Претходна вестЛукаревска: ДПМНЕ се кочничари на државата, тоа е нотирано во Извештајот на Европската комисија
Следна вестЗдравствените работници излегуваат на протести – бараат зголемување на платите за 30%