Здравствените работници излегуваат на протести – бараат зголемување на платите за 30%

Белите мантили повторно излегуваат на протест. Независниот синдикат на здравствените работници се решил на ваков чекор, зашто властите немале слух за нивните барања – повисоки плати за 30 проценти, трансформација на работниот однос на неопределено, нов колективен договор. Оттаму чекаат средба за изнаоѓање решение.

Независниот синдикат за здравство повторно го крева гласот. Идната недела пак ќе има предупредувачки протест. Оттаму бараат повисоки плати за 30 проценти, нови колективни договори. Велат, надлежните мора да ги слушнат и прифатат нивните барања.

Итна трансформација на договорите од определно на наопределно работно време, побара Синдикатот.

Министерството за здравство посочи дека платите во неколку наврати беа зголемени и оти можностите се ограничени. Но, Синдикатот има предлог за надлежните како да обезбедат пари.

Од Независниот синдикат велат дека нивните барања се однесуваат на 22.000 вработени во здравството.

Претходна вестПораз на Вардар од Воска, Брера конечно победи и тоа против шампионот
Следна вестКуманово го празнува Денот на ослободувањето