Љупчо Димовски, досегашниот генерален секретар и пратеник е новиот претседател на Социјалистичка партија на Македонија избран на денешниот девети Конгрес на партијата кој се одржа во Кратово. Покрај тоа на Конгресот е избран Републички и Надзорен одбор, согласно Статутот на СПМ.
Љупчо Димовски е дипломиран економист, роден во Велес на 9 април, 1959 година. До 2008. генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје, до 2009. заменик министер за транспорт и врски, до 2014. министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, од 2014. пратеник во Собранието на Република Македонија. Извршен секретар, член на Претседателството и од 2007. генерален секретар на СПМ.
На Конгресот беше усвоена Декларација во која беа изнесени ставовите на СПМ за актуелните општествено-економски и политички состојби во Република Македонија.