Мајка од Куманово ги оставила трите деца и не се вратила

Мајка од Куманово ги оставила своите три деца и не се вратила. Против неа е поднесена кривична пријава.

– На 26.04.2023 во Куманово, пријавената ги оставила трите нејзини деца во куќата на нејзината мајка, со изговор дека за кратко време ќе се врати, но истата не се вратила, информираат од МВР.

СВР Куманово поднесе кривичнa пријава против С.А.(46) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напуштање на немоќно дете“.

Претходна вестЗнакот во Аеродром да не е и за работниците?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Тасевски да одговори кои се клиентите кои ги користат услугите на семејната фирма?