Македонија го загуби директното место ракометната Лига на шампиони

Maкедонија денес и официјално остана без директно место во ракометната Лига на шампионите, шансата за место во елитното натпреварување македонските клубови сега ќе ја бараат преку аплицирање за вајлд-карта.

На листата на ЕХФ, Македонија е на 13-тата позиција и забележа пад од дури пет места на клупската ранг-листа за сезоната 2024/2025. Од наредната сезона и македонскиот шампион кој досега имаше директно место ќе мора да се надева на милост на ЕХФ која претходно најави поригорозни проверки за местото во ЛШ.

Причината за падот на листата се должи на крајот на резултатот кој го обезбеди Вардар со одличните сезони во Лигата на шампионите и двете европски титули, како и редовните пласмани во осминафиналето.

За ранг-листата која од денес е важечка во предвид сеземаа резултатите на тимовите од сезоните 2020/2021, 2021/2022 и 2022/2023.

Претходна вестПочинато бебе донесено во болница во Неготино – ќе се прави обдукција
Следна вестПрегазена девојка во Штип и маж во Битола