Македонија испраќа два контингенти војници во Турција и Унгарија

„Ефес 24“ и „Енергичен воин 24“ се двете воени вежби во Турција и во Унгарија каде Македонија ќе испрати свои војници, одлучи вчера Владата, соопшти владината прес служба.

-Владата донесе одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Ефес 24“, во Турција, во организација на вооружените сили на Република Турција, а којашто се очекува да придонесе да се надградат стекнатите знаења и да се добијат дополнителни знаења и искуства во доменот на планирање НАТО операции во мултинационална средина, велат од Владата.

Донесена е и одлука за испраќање припадници на Армијата за учество на вежбата „Енергичен воин 24” во Унгарија.

-Вежбата е во организација на Медицинскиот центар за извонредност на НАТО и на неа, покрај припадници од НАТО членките, е предвидено учество и на претставници од партнерски земји на НАТО Алијансата. Вежбата ќе овозможи подобрување на интероперабилноста на припадниците на Армијата во давање медицинска поддршка при извршување заеднички мултинационални операции, соопшти владината прес служба.

Претходна вестДелови од Ѓорче Петров, Карпош и Студеничани денес без струја
Следна вестЖичницата на Водно нема да работи поради технички зафати