Делови од Ѓорче Петров, Карпош и Студеничани денес без струја

Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија денес ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

-Од девет до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров.

-Од 11.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Тесла“ број 16 и број 18, како и корисниците од улицата „Орце Николов“ број 174 во општина Карпош.

-Додека во општина Студеничани, во периодот од 13 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Маркова Сушица, лоцирани на почетокот на селото кај ресторанот.

Претходна вестВремето денес претежно сончево и топло
Следна вестМакедонија испраќа два контингенти војници во Турција и Унгарија