Темен режим Режим на светлина

Пендаровски: Кога ти уште во кампања носиш други луѓе да зборуваат наместо тебе, па како утре ќе бидеш претседател?

Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација Пендаровски: Ако раководството на СДСМ не ја смени стратегијата и пристапот до граѓаните може да се соочи со понатамошен пад, па дури и маргинализација

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера на средба со граѓаните на Демир Капија рече дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова отсуствува од закажани митинзи и средби со граѓани во сопствената кампања за претседател на државата.

-Пред ден, два била најавена противкандидатката, дали дошла? Не дошла. Каде што ќе видите дека Стево Пендаровски е најавено да дојде, јас навистина доаѓам, а наместо противкандидатката доаѓаат други. Не одлучува никој за мене, ниту толкува, порача Пендаровски.

Кандидатот за претседател Пендаровски истакна дека таквото бегање од соочување со граѓаните не доликува на некој кој претендира за највисоката функција во државата.

-Ние сме сега влезени во трка формално за највисока функција во државата. Според Устав претседателот на државата е и врховен командант на вооружени сили. Тоа значи нема повисоко од тебе. Кога ти уште во кампања носиш други луѓе да зборуваат наместо тебе, па како утре ќе бидеш претседател? Еве ти даваме власт, ти даваме позиција, тие двајца што дошле да зборат, тие ли ќе бидат претседатели во сенка? А, ти само ќе бидеш кукла или во излог ставен и ќе викаш „јас сум претседател ама што викаат слика има, тон нема.” Не сакам да шпекулирам за мотивите, ама јасно ми е. Тоа е исто како јас да кажам дека имам неколку другари овде и соработници кои се со мене со години и да речам сега „за ова прашање момент тој ќе ти одговори.” Не ја бива таа работа. Или си претседател или не си, рече Пендаровски пред граѓаните на Демир Капија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Силјановска: Пендаровски не може да ме види од реките народ

Следна објава

Ванковска предлага нов Устав кој нема да биде етнички, а и излез од НАТО