Граѓаните во Македонија од вчера повторно добиваат лажни СМС пораки за наводна пратка од Македонски пошти. Повикувачките телефонски броеви откриваат дека пораките се испратени од Виетнам и од Индија.
Наведениот линк во пораката води до место каде што треба да ги оставите вашите лични податоци како име, презиме и број на трансакциската сметка од каде измамниците ќе ви повлечат средства.
При ваков случај препораката е да не го отворате линкот, веднаш да ја блокирате пораката и да го известите вашиот телеком оператор.
Претходно, од Македонски пошти неколку пати се огласија дека тие не се испраќачи на наведените пораки и апелираа до граѓаните да не ги отвораат пораките за да не наседнат на измамите.