Едно лице е приведено ноќеска при обид да изврши кражба на подрачјето на скопската општина Аердором, соопшти полицијата.
МВР информира дека утрово околу 03.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје.
-Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром.Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.