Македонија ја пречекува Германија

Македонската фудбалска репрезентација вечер од 20:45 часот е домаќин на Германија во натпревар од 8. коло Ј-група во квалификациите за Светското првенство 2022.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски најавуваат голема борбеност и обид за ново изненадување против силниот противник кој веќе еднаш беше совладан во овој циклус.

Капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција во пресрет на мечот побара дисциплинирана игра.

-Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Тие за мене се најголемата репрезентација на светот. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи сè што ќе ни се пружи, рече Ристовски.

На другите две средби од ова коло играат: Романија – Ерменија и Исланд – Лихтенштајн.

Претходна вестДосега 782 граѓани примиле трета доза вакцина
Следна вестВозел со 4,26 промили алкохол во крвта