Македонија на 85-то место на светскиот индекс на корупцијата, напредок од еден поен

На меѓународниот индекс за перцепцијата на корупцијата во светот на Транспаренси интернешнл Македонија е на 85-то место од 180 земји, со 40 индексни поени на Индексот на перцепција на корупција. Од регионот пред нас се Словенија (41), Грција (51), Хрватска (57), Црна Гора (65), Косово (84). А Македонија на тоа место е во друштво со Суринам, Индија, Малдиви, Гвајана и Тунис. После нас се Албанија и Србија (101).

Индексот рангира 180 земји и територии низ целиот свет според перципцијата на граѓаните на корупција во јавниот сектор, а се оценува со оценки на скала од 0 (многу корумпирана) до 100 (многу чиста). На врвот на оваа ранг листа се Данска, Финска, Нов Зеланд, Норвешка, Сингапур, Шведска…

Во годинешниот извештај Македонија напредувала за еден индексен поен. Во ланскиот извештај земјата имаше 39 индексни пеони и беше на 87-мо место. Најлошо рангирање земјата имаше во 2021, кога беше на 111-то место на листата за перцепција на корупцијата со 35 индексни поени. Најдобар резултат во изминатата деценија Македонија имаше во 2014 година, кога со 45 индексни поени беше рангирана на 64 место во светот.

-Недостигот на интегритет при избор на клучни фигури во судството и неефикасното водење на тековните случаи против корупција ги поткопува напорите во вистинска насока на властите во Северна Македонија кои отвораат нови случаи на корупција. За да се обезбеди одговорност и да покаже вистинска волја за борба против корупцијата, владата мора соодветно да обезбеди ресурси и да овозможи независност на Комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) и на институциите одговорни за истрага на корупцијата и организираниот криминал, се наведува во Индексот на перцепција на корупцијата за Македонија изготвен од Транспаренси интернешнал.

 

 

Претходна вестСојузот на средношколци:  Апсурдно е учениците во Математичко информатичката гимназија да немаат настава по осум стручни предмети
Следна вестПоднесено барање за поведување прекршочна постапка за Mинистерство за правда поради клубот „Ванчо Михајлов“