Поднесено барање за поведување прекршочна постапка за Mинистерство за правда поради клубот „Ванчо Михајлов“

Комисија за заштита од дискриминација поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Министерство за правда за неизвршување на законски надлежности во врска со клубот „Ванчо Михајлов“.

-Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчевски и барање за поведување на прекрошчна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателтот Љупчо Георгиевски, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Беневска во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Бендевска посочи дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности.

-Во овој случај нашата комисија при носењето на своето мислење утврди дека неизвршување на законски надлежности од страна на МП, ЦР кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон, рече Бендевска.

Таа додаде дека во мислењето комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекршени како и меѓународни инструменти кои Македонија ги има ратификувано и се дел од уставниот поредок.

Претходна вестМакедонија на 85-то место на светскиот индекс на корупцијата, напредок од еден поен
Следна вестАпсурд: Одат во математичка гимназија, а учат само биологија, ликовно, физичко…