Македонија пријави двајца пливачи на Светското првенство во Доха

Овој викенд започнуаат пливачките натпревари на Светското првенство во водени спортови во Доха. Македонија ќе учествува со двајца пливачи во натпреварување, а нивна цел е подобрување на најдобрите лични постигнувања.

Никола Ѓуретановиќ и Ева Петровска пријави настап во квалификациите во две категории. 16-годишниот Ѓуретановиќ в недела ќе плива на 400 метри слободно, а на 17 февруари е пријавен во квалификациите на 1.500 метри слободно.

Ева Петровска првиот настап ќе го има на 11 февруари, во квалификациите на 400 метри слободно, а на 16 февруари ќе плива на 800 метри слободно.

Претходна вестУтрово земјотрес во Албанија
Следна вестПриведен криумчар на мигранти