Данецот со македонско потекло, Андреас Трајковски доби можност да ја претставува Македонија на Европското првенство во 2024 година во Рима и така ќе стане првиот натпреварувач во историјата на Македонија во оваа дисциплина на големите атлетски натпреварувања.
Трајковски се најде ан 25. место на ранг листата во скок во далечина и така со ранкингот обезбеди место овој континентален собир.
Претходно Дарио Ивановски со остварена норма избори учество во полумаратонска трка што значи дека Македонија ќе има двајца натпреварувачи со исполнети критериуми за учество, а што досега не сме имале.