Првата македонска балерина, која успеа да стигне до рускиот театар Бољшој и да се вработи таму, Стефанија Гаштарска, е добитничка на наградата Менада за најдобар млад уметник што ја доделува Танц фест Скопје. Гаштарска инаку има само 18 години.
-Стефанија Гаштарска е единствената балерина во досегашната историја на македонската балетска уметност која ќе работи во овој престижен ансамбл. Во периодот на своето школување во класата на Ирина Михајловна Пјаткина во Бољшој академијата, Гаштарска работи со врвни балетски педагози и се истакнува со своите умешност, елеганција и прецизност во изведбите. Гаштарска е единствената интернационална балерина која работи во класа со руски соученици“, соопшти Танц фест.
Фестивалот стартува утре, а ќе трае два дена.