Македонскиот репрезентативец Димитриевски е меѓу најдобрите голмани во Ла лига

Столе Димитриевски, сезонава брани во одлична форма за на шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано и според многу статистички показатели е меѓу најдобрите во Ла лига.

Рајо, тимот на голманот на македонската фудбалска репрезентација, по 17. кола е на 11-ти на табелата, со 20 бода (гол разлика 16-23). Во минатото коло, Рајо загуби на гости од Осасуна (0:1), а вечерва од 19 часот ја пречекува Валенсија.
Најуспешни сезонава кога станува збор за натпревари на кои не примиле гол, на по седум, се Димитриевски, Давид Сорија од Хетафе и Унаи Симон од Атлетик Билбао, Зад нив со по шест меча без примен гол следуваат Марк-Андре тер Штеген од Барселона, Предраг Рајковиќ од Мајорка и Алекс Ремиро од Реал сосиедад, со по пет „чисти мрежи“..

Димитриевски е на втората позиција според бројот на одбранети удари, 61 за 1.530 минути игра. Поуспешен од него во оваа категорија е само Данецот Филип Јоргенсен, чуварот на мрежата на Вилјареал, со 77 одбрани за исто толку минути.
Голманот што на крајот од сезоната ќе прими најмалку голови и ќе има најмногу одбранети удари ќе го добие признанието „Златна ракавица“.

Лани најуспешен беше Тер Штеген чија мрежа остана незатресена на 26 меча, односно прими само 18 гола.

Претходна вестДевојка нападната од својата сосетка во Гостивар
Следна вестЕСМ објаснува: За три години останавме без 1.190 работници, вработувањата се неопходни