Македонските ракометарки убедливо поразени од Шпанија

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во третото коло, Македонија очекувано загуби од Шпанија со 19:31 (11:17).

Македонските ракометарки отпор на фаворисираните протовнички им пружија само во еден дел од првото полувреме, кога имаа два гола негатива. Кога Шпанија го засили темпото, Македонија немаше одговор.

Шпанија со шест гола предност замина на пауза помеѓу двете полувремиња, а во првите девет минути со серија 6:0 стави точка на натпреварот.

Сара Ристовска со шест гола ја предводеше Македонија. Кај Шпанија гол повеќе постигна Барбоса.

На 3 март Македонија, во четвртото коло ќе гостува во Шпанија.

Претходна вестСобравме 80.000 евра за Лео, парите ги предадовме на тетка му, соопштија од ДНК
Следна вест(Видео) Драматична снимка од белградскиот аеродром по дојавата за бомба: патници се симнуваат од авион на тобоган