Македонско еколошко друштво: И на Илинска Планина има балкански рис

Потврдено е постоењето на балканскиот рис и на Илинска Планина, соопшти денеска Македонското еколошко друштво (МЕД).

Во објавата на нивниот профил на Фејсбук се прикажани и фотографиите од ова ретко животно.

-По 15 години работа на Илинска-Плакенска Планина, конечно успеавме да потврдиме балкански рис. Со ова се докажува значењето на овој биокоридор кој ги поврзува заштитените подрачја во Западна Македонија. Сесијата на фото-замки се оствари со помош на соработката со планинарското друштво „Бигла“ од Демир Хисар, се наведува во објавата.

Претходна вестМЗ: Немаме прибележано право за трајно користење на земјиштето каде што е паднатиот потпорен ѕид
Следна вестОбјавувал експлицитни видеа од екс сопругата, а при анализа се открило дека ја силувал!