Сончево и топло време со умерена облачност претпладне, а во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени. Ова е денешна прогноза на синоптичарите за скопското подрачје.
Слично време се очекува и на подрачјето на целатa држава. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачат до 30 степени. Слично време се очекува и во наредниве денови.