Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,00 ден/лит, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќаизнесува 109,00 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), изнесува исто така 109,00 ден/лит.
-Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 111,50 ден/лит, се наведува во соопштението.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво од 107,00 ден/лит. Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,986 ден/кг и сега ќе чини 53,305 ден/кг.