Кабинет на Макрон: При употребата на „Северномакедонци“ направена е ненамерна грешка!

Употребата на придавката „Северномакедонци“ за граѓаните на Македонија е ненамерна грешка од страна на францускиот претседател Емануел Макрон е грешка, соопшти Кабинетот на францускиот претседател. Објаснувањето е добиено по телефонскиот разговор на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи со Кабинетот на Макрон.

-Покрај редовната комуникација со амбасадата на Франција во земјава, Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, потврдувајќи го притоа официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, соопшти денеска македонското Министерство за надворешни работи.

Во изминативе денови, по одржувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан, францускиот претседател Макрон на двапати употреби придавка „Северномакедонци“ зборувајќи за францускиот предлог за решавање на проблемот со бугарското вето за Македонија.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи даваше објаснувања дека се работи за „ненамерна грешка на Макрон“.

Употребата на навредливиот термин „Северномакедонци“ се појави спорадично по потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција и промената на името на нашата држава. На таквата опасност предупредуваше јавноста, но тогашниот премиер Зоран Заев се оглушуваше на опомените и уверуваше дека идентитетот ни е забетониран.

Тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров пак изјавуваше дека тие како министерство ќе реагираат на секое непочитување и дека нема опасност да се наметне таква навредлива терминологија.

Претходна вестМало намалување на цените на бензините и дизелот
Следна вестВо последните три дена 180 новозаболени од Ковид -19, нема починати лица