Во последните три дена 180 новозаболени од Ковид -19, нема починати лица

Во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022) направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид – 19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица – по 5, Штип и Неготино – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево – по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (180), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани се 153 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570.

Претходна вестКабинет на Макрон: При употребата на „Северномакедонци“ направена е ненамерна грешка!
Следна вестИнтерпeлацијата на Џафери во четврток пред пратениците