Малолетник пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера на подрачјето на општина Чаир, информира полицијата.
МВР соопшти дека автомобил „Форд“ управуван од 41 годишен скопјанец удрил во пешакот .
– На 21.4.2024 во 15.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Митевски“ во Скопје патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(41) од Скопје удрило во пешак-малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетнико, велат од МВР.
Малолетникот е веднаш префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.