Малолетничка прегазена од 24-годишен возач во Куманово

Малолетничка била прегазена на улица во Куманово од страна на 24-годишен возач, објави МВР.

– Синоќа во Куманово, на крстосница од булеварот Трета Македонска ударна бригада, улицата Б.Б.Гуцман и локален пат кон селото Проевце, патничко моторно возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(24) од с.Тромеѓа, кумановско, удрило во малолетничка од Куманово, велат од МВР.

По несреќата малолетничката била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Претходна вестНаучниците развија човечки бубрег од ембрион на свиња
Следна вестДвајца македонски државјани евакуирани по земјотресот во Мароко