Двајца македонски државјани евакуирани по земјотресот во Мароко

Двајца македонски државјани се евакуирани и моментално се наоѓаат во камп во Маракеш. Министерството за надворешни работи објави дека двајцата се во добра состојба и утревечер патуваат за Мадрид.

– Информираме дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро, е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација, велат од МНР.

Од тука ги повикуваат сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732.

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш.

Претходна вестМалолетничка прегазена од 24-годишен возач во Куманово
Следна вестСончево време со температура до 32 степени