Малолетничка пресметка со нож во автобус на линијата „51“

Двајца малолетници синоќа се повредени од нож во малолетничка пресметка во автобусот број „51“ во општина Кисела Вода.

МВР соопшти дека во синоќешниот инцидент во автобусот бр. „51“ во скопската населба Кисела Вода повредени биле двајца малолетници откако се скарале со друго момче за седиште во автобусот.

-Малолетник од Моране извадил нож, повредил малолетник од Студеничани, па себе иако нападнал трет средношколец, соопшти МВР.

По преземени мерки и активности од страна на полицијата обезбедени се сите учесници во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

Од градската болница „Св. Наум Охридски“ соопштија дека во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на дланката.

-Едно лице е препратено на скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.

Претходна вестВо украинските региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје почнаа референдуми за приклучување кон Русија
Следна вестЛевица има референдумско прашање: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци“