Малолетник од Скопје вчеравечер бил каснат од улично куче. Случајот во полицијата го пријавила мајката.
– На 31.05.2024 во 21.00 часот во Полициската станица Кисела Вода П.Р.(48) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, соопштија од полицијата.