Малолетник од Тетово украл возило, па бегајќи оштетил друг автомобил

Малолетник крадел возило и бегајќи оштетил друго. Имено, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник од Тетово.

Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „Фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово.

Возилото било пронајденo и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСиндикатот во „Македонска пошта“ ќе прави нова систематизација, никаде немало 15 подружници, 15 директори, седум члена УО, а се помалку работници…   
Следна вестДончиќ ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА