Малолетен пешак бил вчера прегазен во Скопје. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди.
– Вчера попладне, околу 16.45 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Васко Карангелевски и сервисна улица, патничко моторно возило „тојота“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот С. Ѓ. од Демир Капија, удрило во малолетен пешак од Скопје. По несреќата, малолетникот бил пренесен во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.